5 септември (пон), 13.00 час, СОУ „Митко Пенџуклиски“

Сабота, 03 Септември 2011 20:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Покана до граѓаните на Кратово за учество во првата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“

пишува - Оливер Арсовски

Кратово е една од 12-те нови општини кои се избрани за учество во програмата „Форуми во заедницата“. Целта на програмата  е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Форумските сесии ќе се одвиваат во периодот септември 2011 – декември 2012, а програмата е финансирана од Швајцарската aгенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС. За реализацијата на проектот кој ќе го одберат учесниците на форумот, нашата Општина обезбеди 2.400.000 денари, а со истата сума ќе партиципира и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 5 септември, во холот на средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, со почеток во 13.00 часот.

Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии – форуми во заедницата и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства. Форумот претставува платформа за развој која има за цел:

1. граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество 2. администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува.

Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:

- да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;

- создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни;

- подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти;

- подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата;

Сподели