Компанија која е општествено одговорна

Четврток, 29 Септември 2011 14:19 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

ONE во Кратово донираше опрема за итна медицинска помош

По повод Светскиот ден на прва помош што се одбележува денеска,  ОНЕ донира високософистицирана медицинска опрема на здравствените домови во Кратово и во Берово со што и го продолжува големиот хуманитарен караван на ОНЕ со кој донира медицинска опрема наменета за амбулантните возила на брзата помош.

Oпрема за возило за итна медицинска помош ќе добијат Здравствените домови во Кратово и во Берово со што ОНЕ сака да помогне во подобрувањето на условите на работа на екипите за итната медицинска помош и да обезбеди нивно непречено извршување на работните задачи со цел граѓаните да добијат квалитетна прва медицинска помош.

“Светскиот ден на прва помош е потсетување за важноста и потребата од непречено функционирање на сите екипи за итна медицинска помош без разлика дали станува збор за професионалци или волонтери. Ние во ОНЕ  сме уверени дека медицинската опрема што ја донираме  ќе ја олесни работата на медицинските лица и ќе помогне за нивна уште побрза реакција на теренот. За нас од особено значење се граѓаните и затоа се трудиме што можеме повеќе да допринесеме за подигање на квалитетот на живеење, а со тоа и да бидеме пример за одговорна компанија. ” рече Виктор Доневски, Директор на Одделот за односи со јавност во ОНЕ.

Сподели