Во сорабтка меѓу општината и швајцарската агенција за развој и соработка

Понеделник, 05 Септември 2011 20:47 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Се оддржа првата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“

пишува – Оливер Арсовски

Во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово денеска (понеделник) се оддржа првата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата.  Програмата што по половина ја финансираат Швајцарската Агенција за развој и соработка и Општината Кратово, пред околу 100 кратовчани ја претстави модераторот Васка Драшковиќ. Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски истакна дека проектот е од големо значење за општината, која има и свое учество во износ од 2.400.000 денари, покрај истата сума која ќе биде донирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Претставникот на локалната самоуправа Лимонка Георгиева објасни дека локалната власт предлага две теми за реализација на форумот, и тоа:

1.Локална инфраструктура и општински установи

2. Животна средина и културно-историско наследство

Учесниците на форумот со убедливо мнозинство одлучија да дискутираат за темата Локална инфраструктура и општински установи. Потоа следеше распределба на работните маси каде што се формираа девет маси. На крајот од првата сесија од форумот едногласно беше одлучено втората сесија од вкупно пет да се оддржи на 20 септември во 13 часот на истата локација.

Сподели