gogo

A+ R A-


Австралиски компании во „војна“ за кратовското злато од Плавица

Е-пошта Печати PDF

„Џенезис Рисорсис“ од Мелбурн, кој ја поседува лиценцата за истражување бакар, злато и сребро во месноста Плавица кај Кратово е предмет на преземање од друга австралиска компанија, но во битката се вмешани и други компании од тамошниот рударски сектор.

Остра битка се води меѓу две австралиски компании за превласт врз месноста Плавица во близина на Кратово, каде се смета дека има злато, сребро и бакар.

„Џенезис Рисорсис“ ја поседува лиценцата од Министерството за економија и целосно го финансира истражувањето, а држи 62 отсто од истражувачкиот проект, додека остатокот е на комбинатот  „Силекс.“

alt

Но, „Џенезис“ е предмет на интерес за преземање од страна на друга австралиска компанија „Кленси Рисорсис“. И двете се мали истражувачки рударски компании и овој проект за нив може да значи разлика меѓу успех и банкрот.

Инаку, во областа Плавица се смета дека има 57,9 тони злато според пресметките од „Џенезис“ од почетокот на годинава. Во месноста се копале руди уште од времето на Римското царство.

Истражувањата на Плавица траат веќе 4 години и според извештаи на независни геолози се смета дека ќе треба многу работа за да се докаже дека станува збор за економски исплатлив ресурс заради непогодната топографија.

Но, тоа не спречи друга австралиска компанија, „Кленси Рисорсис“, да се обиде да го преземе „Џенезис.“ Неогвиот основач и главен геолог, Ахмет Керим Сенер, ја напушти комнпанијата, што на аналитичарите во Австралија им стана чудно, откако тој помина 6 години во неа. Нешто помалку од една недела подоцна, „Кленси“ даде понуда од 8 центи за акција, што е повеќе од двојно од претходната цена од на акциите на „Џенезис“ од 3 центи. После оваа понуда, акциите скокнаа двојно - на 6 центи, а „Кленси“ уште повеќе ја зголеми својата понудата - на 9 центи за акција, нудејќи ги своите акции како средство за плаќање.

Но, веднаш по објавувањето на понудата се дозна дека удел од 8 отсто во „Џенезис“ е добиен од Сенер, како и дека „Кленси“ му позајмил пари за тој да го задржи уделот.  

Во ова нема ништо незаконско или неморално, пишува „Сидни Морнинг Хералд“ во написот во кој се говори за преземањето, но ова покажува дека поранешниот директор на „Џенезис“ сега работи со „Кленси“ и тоа непосредно откако замина од компанијата.

Потоа се дозна дека преку неколку компании, удел во „Џенезис“ од 16,2 отсто, односно двапати повеќе од „Кленси“, има друга рударска компанија со име „Асесио Рисорсис“ која е лоцирана еден блок подалеку од „Џенезис“, исто во Мелбурн. Помали удели имаат директорите во „Џенезис“.

Во битката се смешани уште многу лица и австралиски компании за истражување на руди, сектор, кој е силен на овој континент и сосема е нејасно како таа ќе заврши на крајот.

(текстот е преземен од www.libertas.mk)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.