gogo

A+ R A-


Марио Смиљков прв до крстот во кратовскиот базен

Е-пошта Печати PDF

пишува - Оливер Арсовски

Повеќе од 1000 граѓани на Кратово присуствуваа на фрлањето на крстот по повод празникот Богојавление  - Водици. Меѓу нив, најсреќен беше20-годишниот Марио Смиљков од Кратово, кој го фати крстот на градскиот базен во Кратово. Младиот кратовец иако немаше намера да се фрла во студените води на кратовскиот базен, сепак во последен момент ја искористи невнимателноста на скокачите, кои во парчињата лед не успеаја да го забележат фрлениот крст. Дваесеттина секунди подоцна, со облека на себе, се фрли во базенот и го фати крстот.

Општината Кратово на Марио Смиљков му подари ЛЦД телевизор од 82 цм, марка Фаворит. На Марио му посакуваме крстот да му донесе среќа, здравје и љубов.

">alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.