Министерот за транспорт и врски , Миле Јанакиески оствари посета на Општина Кратово. При посетата се сретна со Градоначалникот на Општина Кратово, Мите Андоновски, и истовремено беа презентирани инфрастуктурните проекти кои што беа финансирани од страна на министерството.
Исто така на граѓаните на Општина Кратово кои што имаа поднесени барања за легализација на дивоградби им беа доделени решенијата од страна на министерот Миле Јанакиески. Во Општина Кратово беа поднесени 1470 барања за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти, од кои се решени 62 барања и во постапка на решавање се 82 барања.