пишува - Оливер Арсовски
Крводарителната акција која на 6 март се одржа во просториите на средното училиште во Кратово уште еднаш ја покажа хуманоста на кратовци, посебно на учениците во гимназијата. Во акцијата се собраа 57 единици крв, а од нив дури 45 беа дарувани од учениците и вработенте во гимнаизијата „Митко Пенџуклиски“. Впрочем, и лекарката од Републичкиот завод за трансфузиологија истакна дека не е изненадена од масовноста, имајќи предвид дека Кратово е секогаш при врвот во крводарителските акции. Таа истакна дека бројката ќе беше уште поголема да не беа вратени поголем број ученици поради пирсови, кои поради опасноста од хепатитис, не смеат да даруваат крв без претходна лабораториска проверка на здравствената состојба.