www.aberdzija.com ги објави неодамна за четиригодишната Ања Арсовска од Кратово и Христина Николовска (21) од кратовското село Куклица, благодарение на интернетот допреа преку Атлантикот до срцата на нашите поранешни сограѓани, а денеска жители на милионскиот Чикаго. Желбата на Ања и на Христина да проодат, да застанат цврсто на нозе, не е ништо помала од желбата на десеттина хумани кратовци да помогнат на две невини души кои сакаат подобар живот.
Хуманоста не познава граници, а најмалку географски. Трогателните стории кои порталотМалата иселеничка колонија од Кратово сместена во урбаната чикашка џунгла, деновиве се организирала во намерата да помогне на Ања и Христина, а во тоа помогнале и неколку нивни пријатели - Македонци кои живеат во Чикаго. Набрзина собрале 2.000 долари, а еден од нив допатува деновиве во Кратово за да ја предаде донацијата од по 1.000 долари за двете девојчиња. За овој хуман гест навистина заслужуваат честитки, а секако и благодарност од семејствата на двете девојчиња.
Надеж дека на Ања и Христина ќе им се подобри квалитетот на живеење дефинитивно има. Семејството Арсовски посочи дека нивната Ања кон крајот на месецов заминува на толку очекуваното медицинско испитување во Истанбул, а прибирањето на потребните средства оди со посакуваната динамика. И Христина се надева дека наскоро ќе се соберат првите 5.000 евра за операција на долните екстремитети, а операциајта на рацете би можела малку и да почека.
Како и да е, работите благодарение на добрите луѓе одат на подобро. Впрочем, една етичка порака гласи: „Зол може да се биде на 1.001 начин, а добар само на еден“. пишува - Оливер Арсовски