gogo

A+ R A-


НЕВЕРОЈАТЕН ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТ: Младо момче од Скопје 15 месеци „бдее“ над болниот Давид од Кратово

altИ покрај сите зла што секојдневно се случуваат во светот, сепак, се чини дека вербата во хуманоста на луѓето не смее да исчезне. Доказ за безграничната љубов кон луѓето е приказната за младиот 25-годишен скопјанец (чие име нема потреба да го откриваме) и неговата емотивна врска со Давид Стојановски од Кратово, детето кое боледува од рак на коски со метастази на белите дробови. Оваа неверојатна сторија ни ја раскажаа родителите на Давид, кои се вчудовидени од добрината на младото момче од Скопје.
Имено, пред петнаесетина месеци, на младиот скопјанец на сон му се прикажало дека мора да помогне на некое дете кое боледува од тешка болест. Следното утро, кога се разбудил, на својот компјутер случајно наишол на трогателната приказна која ја објави порталот „Аберџија“ за малиот Давид. Во тој момент веднаш сфатил дека токму Давид е детето на кое мора да му помогне и веднаш го пронашол на скопските клиники. Го засакал како свој брат, во неколку наврати донирал средства за лекување во висина над 100.000 денари и постојано патувал на релација Скопје - Кратово за да го гледа како закрепнува од болеста. Пред неполн месец разбрал дека болеста кај Давид се повратила, и веднаш тргнал за Кратово. Откако родителите на Давид му кажале дека единствената надеж ја гледаат кај прочуениот виенски хирург-пластичар, доктор Коц, скопјанецот веднаш ги качил во својот автомобил и ги однел во Виена, каде платил 200 евра за преглед кај реномираниот доктор. Откако ги вратил пред неколку дена, постојано „бдее“ над своето мало пријателче од Кратово, во надеж дека наскоро пак ќе го види насмеан и здрав.
Ваквите приказни од животот се навистина инспиративни, поттикнуваат на размислување за вредноста на животот, за посветеноста на Бога, за милосрдието како највисока човечка и етичка вредност.  Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.