gogo

A+ R A-


Шехерезадманија

 

ШЕХЕРЕЗАДМАНИЈА

пишува - Оливер Арсовски

*Еј, ќе наминам да те соберам во осум вечерва, ќе те носам на вечера во Александрија“!

-Заборави, гледам Шехерезад, не ме чепкај до 21 часот...

*Злато, вечерва сум сам, кажи му на сопругот дека ќе одиш на фризер и дојди кај мене... Миризливи свеќи, црвено вино, сатенска постела...

-Ѓумуш, злато, Ѓумуш ќе ја пропуштам... А ти и онака утре нема да ми избегаш...

*Денес ти е последна шанса да ја поправиш единицата, ај да чујам што знаеш за Фројд...

-Професоре, имајте разбирање, вчера од 7 до 10 изгледав три серии... Може ли за другиот час да научам...

Фала му на севишниот, сапунските серии Шехерезад, Бандини и Ѓумуш бројат ситно... Кај и да е, за недела-две ќе ја имаат својата завршница. Ќе им олесни и на младите кавалери, и на возрасните швалери, и на напатените“ професори и наставници... И време е да се врати живоста на кратовските улици и летни тераси во периодот меѓу 19 и 22 часот. И онака жените научија многу лекции од овие сапуници кои ќе треба да ги применат во врелите летни ноќи...

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.