gogo

A+ R A-


20 основци од Ранковце учеа како да се заштитат од лажни вести

Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, денеска(16 декември) спроведе интерактивна работилница за медиумска писменост во ООУ „Х.Т.Карпош“ во Ранковце, на која учествуваа 20 основци од 9-то одделение.
Целта на работилницата е младите да создадат критичко мислење за информациите што ги добиваат од медиумите и социјалните мрежи и да се заштитат од лажни вести.
На работилницата, што ја водеше м-р Синиша Пекевски, експерт за комуникации и односи со јавност, основците се запознаа и со улогата и функцијата на медиумите, новинарските жанрови, а истовремено пишуваа и вест според основните прашања што треба да ги содржи.
Дел од работилницата беше и проверката на факти, како и спроведување на анкетен прашалник за медиумска писменост.
Учесниците разговараа и за спроведување на младинска акција преку која ќе ги изразат своите потреби до јавноста, користејќи ги медиумите и медиумската писменост.
Во наредната фаза ќе се реализираат и едукативни работилници за заштита од интернет злоупотреби, а основците ќе изготвуваат и прилози и кратки видео пораки за медиумско описменување.
Активностите се дел од проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“, што го спроведува Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка,со поддршка на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии, во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, финансиран од Европската Унија.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.