gogo

A+ R A-


5 трикчиња кои треба да ги направите пред да го однесете компјутерот на сервис

Статијата е преземена од http://itsvet.mk/5-ednostavni-popravki-za-najgolemiot-del-od-kompjuterskite-problemi/
Можеби веќе си одлучил дека компјутерскиот проблем со којшто се соочуваш е премногу тежок за да се обидиш да го поправиш самиот, или пак не е нешто во коешто имаш интерес да го поминеш времето правејќи го.

Јас сум за речиси секогаш да можеш да се обидеш да го средиш твојот компјутерски проблем, но разбирам и ако си комплетно против тоа. Нема тука ништо погрешно.

Како и да е, пред да се јавите на некого или пак да истрчате кај сервисер, ова го сметам како една последна прилика за да можам да ве убедам да се обидете нешто пред да му платите на некој друг да ви помогне.

Работејќи приватно како “сервисер”  за блиското друштво со години, запознает сум со наједноставните нешта кои најголем дел од луѓето ги испуштаат, нешта кои би можеле да ја одстранат целосно потребата од тоа да се работи на компјутерот.

Можете буквално да спасите многу пари, но и голема количина на фрустрација следејќи ги упатствата подоле.

1.Рестартирајте го вашиот компјутер

ITSVET.MKИТСВЕТ.МК

Доста време веќе постои шега дека единственото нешто што техничката подршка знае како да му објасни на луѓето е како да се рестартираат компјутерите.

Многу повеќе одколку што мислите, едноставно рестартирање на компјутер разрешило цела една приказна со милион проблеми кои што му се појавиле на некој. Компјутерите понекогаш се соочуваат со многу тешки проблеми, кој после рестарт, преку кој се чисти меморијата и се рестартираат сите процеси, се решава.

Осигурајте се дека барем еднаш ќе го рестартирате компјутерот пред да отидете на поправка кај некого. Проблемот, да претпоставиме дека е од одредена природа, може едноставно да исчезне.

Совет: Доколку компјутерскиот проблем со кој се соочуваш значи дека рестартирањето е невозможно, целосното гасење и уклучување на компјутерот одпочеток ја постигнува истата работа.

2.Избриши ја Кеш Меморијата на Твојот Пребарувач

ITSVET.MKITSVET.MK

Уште една шега, но оваа е посвежа, а тоа е дека чистењето на кеш меморијата од вашиот пребарувач, што претставува колекција на неодамна посетени интернет страни зачувани на вашиот хард диск, е решение за сите ваши интернет проблеми.

Тука со сигурност има претерување – бришењето на кеш меморијата нема да ви го реши секој проблем со одредена страна или пак проблем со интернетот – но често помага.

Бришењето на кеш меморијата е многу едноставна работа. Секој пребарувач има лесен начин за бришење, дури и да има неколку опции за да се стигне до менито.

Доколку имаш некој проблем поврзан со интернетот, особено доколку влијае на одредени страни, осигурај се да ја исчистиш кеш меморијата пред да го однесиш компјутерот на сервис.

Совет: Иако најголемиот дел од пребарувачите кешот го бележат како cache, Internet Explorer зачуваните страни ги нарекува Temporary Internet Files.

3.Скенирај за Вируси & Друг Малвер

ITSVET.MKITSVET.MK

Нема сомнеж дека скенирањето за вирусна инфекција е првото нешто што ќе ти падне напамет доколку вирусот или друга сомнителна програма (колективно наречени малвер) се покажат очигледни при работата на компјутерот.

За жал, најмногу од проблемите предизвикани од малвер не секогаш укажуваат на инфекција. Одлично е доколку твојот антивурис те предупреди за проблем, но нема секогаш.

Често пати, проблемите предизвикани од вирус се појавуваат воглавно како несмасност на компјутерот (успорување на речиси сите процеси), рандом ерор пораки, замрзнати прозори и работи како овие.

Пред да го однесеш твојот компјутер за било која прилина, осигурај се дека имаш направено целосен малвер скан користејќи го антивирусниот програм којшто веќе го користиш.

4. Реинсталирај ја Програмата Која Што ти Предизвикува Неволја

ITSVET.MKITSVET.MK

Многу компјутерски проблеми се софтверски-специфични, што значи дека тие единствено се случуваат кога некоја одредена програма се стартува, користи или стопира.

Овој вид на проблеми може да направат да изгледа дека вашиот компјутер целосно се распаѓа, особено доколку ја користите програмата што го предизвикува цело тоа постојано, но решението е многу едноставно: реинсталирајте ја програмата.

Реинсталирање на програмата значи да ја деинсталирате, и потоа да ја инстаирате повторно од почеток. Секоја програма има автоматизиран процес на бришење самата од себе, односно инсталирање на компјутерот кој го користите.

Доколку мислиш дека проблемот со којшто се соочуваш е софтверски-спефифичен, земи го оригиналниот инсталационен диск или превземи ја програмата повторно, па потоа реинсталирај ја.

5. Избришете ги Колачињата од Вашиот Пребарувач

ITSVET.MKITSVET.MK

Не, овие не се вистински колачиња во вашиот компјутер иако морам да признаам, тоа би било убаво, туку ова се мали датотеки наречени колачиња кои понекогаш може да предизвикаат проблеми додека го користите вашиот интернет пребарувач.

Како кешот спомнат во #2 погоре, пребарувачот ги зачувува овие датотеки за да го направи сурфањето по интернет полесно.

Доколку имате проблеми да се логирате на еден или на повеќе вебсајтови, или пак гледате многу ерор пораки додека пребарувате што изгледа другите луѓе не ги гледаат, осигурајте се дека сте ги избришате колачињата од вашиот интернет пребарувач пред да го однесете на компјутерски сервисер.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.