gogo

A+ R A-


Берово во сабота кани на „Фестивал на шумите“

Во сабота, на 7 декември со почеток од 11 часот, пред Бизнис центарот во Берово ќе започне Форест Фест, фестивал на шумите. Два дена, 7 и 8 декември, ќе се празнува и промовира семејното шумарство во Македонија, а на посетителите ќе им биде понудена разновидна програма. „Локално, фестивалот е силно прифатен, па така изненадувања се altредат за посетителите“, вели Војо Соколовски, претседател на Националното здружение на сопственици на приватни шуми. Тој продолжува: „од детската градинка „23 Август“ од Берово подготвуваат специјалено изненадување за посетителите, а шумските работници ќе ги донесат своите машини и ќе демонстрираат што значи да се работи во шума.“ Тоа се само дел од нештата кои можат да ги искусат посетителите. На фестивалот ќе има музички настап на Етно Малеш и Етникум, дегустации на пијалоци и храна, изложба на цртежи и макети од основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“, изведба на Културно-уметничкото друштво од регионот, изложба на алатки за работа во шума, натпревар во шумарски вештини итн.

Форест фест иако се организира за прв пат, веќе се промовираше на регионално и меѓународно поле. Своето присуство веќе го потврдија посетители од Албанија, Бугарија и Косово. Додека фестивалот со својата цел и програма се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на шумата, настан кој цели да го промовира одржливото управување со шумите и да ја подигне јавната свест за уделот на шумата во економијата. Во тој контекст, на Форест Фест ќе има презентации за шумите и шумарството во Република Македонија каде ќе говорат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шумарскиот факултет од Скопје и Јавното претпријатие „Македонски шуми.“

Форест фест е во организација на Општина Берово и Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а е поддржан од фондацијата Поврзување на природни вредности и луѓе - CNVP.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.