gogo

A+ R A-


Богата предновогодишна програма во Крива Паланка со ДНК, Лозано, Слаткар, Некст тајм...

Музички концерти, жонглери, кловнови, настапи на популарни детски изведувачи, новогодишна кочија и свечено пристигнување на Дедо Мраз на централниот градски плоштад се она што го нуди Општина Крива Паланка на програмата на годинашниот „Новогодишен базар 2022“. Програмата на новогодишниот базар ќе трае пет дена, со интензивна агенда што започнува во вторник, 27 декември, сè до денот на пречекот на новата година.

Од 27 до 31 месецов на програмата ќе настапат: ДНК и „Тајфата“, „Браво бенд“ и Слаткаристика, Влатко Лозаноски, „Артист бенд“, а петокот и саботата се резервиран за најмладите: на пладне, 30 декември настапуваат младите од „Дајте музика“, дополнение со настап на Дарко Ѓурчиновски, кловн, а 13:30 пристигнува Дедо Мраз. Во петокот вечерта „Брас брадрс“ и Некст тајм. И саботата пладневната програма се кривопаланечките ѕвездички од „Распеано Симитче“, а по нив, Христијан Настески-Пајак и Јован Петровски.

Од општината ги повикаа сите од регионот и пошироко да го посетат градот и заедно да празнуваат и да се радуваат, уживајќи во новогодишната магија.

alt

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.