gogo

A+ R A-


Чувај ја фискалната, од денес започнува наградната игра

Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, која стартува денеска.

fiskalna-smetka500

Со наградната игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,... Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, информира вицепремиерот и министер за финансии  Зоран Ставрески на прес-конференција. Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.