gogo

A+ R A-


Одбележан светскиот ден на планините

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија го одбележа Светскиот ден на планината - 11 декември. Целта е да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Во рамки на одбележувањето се одржаа три планинарски тури чија крајна дестинација беше Спортско рекреативниот центар Матка, каде во Планинарскиот дом се одржи и официјалниот дел од одбележувањето.

фото - Стојанче Величковски, Крива Паланка - основач на планинарската трансверзала 4М

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.