
Во периодот кога пчелните семејства мируваат во кошниците кривопаланечките пчелари едукативно теоретски се усовршуваат од областа на пчеларството. Во таа насока, синоќа Здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка и Апицентарот за пчеларство од Пробиштип одржаа предавање на две теми за болестите и лекувањето на пчелите.
Апицентарот од Пробиштип е организација за тренинг и репроцентар за пчеларство, а вакви центри има во и пробиштипското село Древено, во Скопје, односно на Водно и во Драчево. Овој Центар во својата содржина и дејност врши производство на матици и нуклеуси и има сопствена лабораторија.
Првата тема „Болести кај пчелите (нозема апис и нозема церана)“ ја обработи Илија Петровски, а втората „Сузбивање на вароа со помош на оксална киселина“ ја презентира Бранко Соколов, и двајцата од Апицентарот од Пробиштип. На крајот на овој пчеларски состанок кривопаланечките пчелари беа информирани во врска со некои проблеми за исплата на субвенциите за пчеларство за 2013 година