gogo

A+ R A-


Изложба на Лиде Стојановска во Скопје

Изложба на еколошки фотографии

од Осоговските Планини во Скопје на ПМФ

пишува: Славица Јаковска

 

Младата уметничка и вљубеник во дигиталната фотографија – Лиде Стојановска (18 год.), за која веќе пишувавме ја претстави својата изложба и пред граѓаните на главниот град, Скопје. По успешното претставување на изложбата насловена како Изложба на еколошки фотографии од Осоговските Планини во Музејот на град Кратово, таа беше поканета и ја однесе изложбата на Годишното Собрание на Македонското еколошко друштво (МЕД) кое се одржа на 12 март 2010 година во просториите на Природно-математичкиот факултет. Изложбата беше изложена и доби многу позитивни критики од посетителите меѓу кои беа и истакнати професори на Природно-математичкиот факултет. Прекрасната флора, фауна и фунгија која е присутна на Осоговските Планини уште еднаш го направи своето, ги воодушеви присутните. Овој проект беше реализиран во 2009 година преку малите грантови кои за првпат беа доделени од Македонското еколошко друштво на младите екологисти со цел промоција, истражување и заштита на природните убавини. Сите ние сме горди на успесите на оваа млада уметничка и во иднина и посакуваме само успеси како во земјава така и во странство.

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.