ОПШТИНА КРАТОВО
во соработка со
ЈОУ ДОМ НА КУЛТУРА „ЛАЗАР СОФИЈАНОВ“
РАСПИШУВА:
НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА И ЛИКОВНА ТВОРБА
НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“
Општина Кратово по повод патрониот празник на Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“ распишува награден конкурс за најдобра литературна и ликовна торба на тема : „Свети Ѓорѓи Кратовски – светилник и закрилник на Кратово“
Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.
Ликовните творби можат да бидат изработени во комбинирана техника по слободен избор.
На Конкурсот имаат право да учествуваат жители на општина Кратово.
На Конкурсот неможе да учествувааат претходно објавени или издадени дела.
Авторските творби треба да се достават во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ секој работен ден од 12.00 – 15.00 часот, најкасно до 17.02.2017 година.
Оценувањето и изборот ќе го врши стручна комисија при што авторите на најдобрите творби, одделно во двете области, ќе бидат наградени со парична награда (прва награда – 3000 денари, втора награда – 2000 денари, трета награда – 1000 денари).
Најдобрите ликовни творби ќе бидат изложени, додека најдобрите литературни творби ќе бидат прочитани како дел од програмата „Во чест на нашиот закрилник Свети Ѓорѓи Кратовски“Â во Дом на култура „Лазар Софијанов“ на 23.02.2017 година од 12.00 часот, кога ќе бидат доделени и наградите.
Покровител на овој Награден Конкурс е Градоначалникот на општина Кратово, г – дин Мите Андоновски.