Вања Лазарова ќе остане запаметена како голем уметник и еден од најдобрите изведувачи на изворни народни песни. „Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.
Доајенот на македонската народна музика Вања Лазарова почина на 86-годишна возраст. Таа ќе остане запаметена како голем уметник и еден од најдобрите изведувачи на изворни народни песни.Â
Вања Лазарова - Димитрова беше родена на 27 април 1930 во село Страцин, Кратовско. Извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.
Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.
Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.
Вања Лазарова пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Полиграм и Филипс. Добитник е на повеќе меѓународни музички награди.  Â
Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда „Златен лав“ на фестивалот во Венеција во 1994 година.
Продуцентската куќа „Трето уво“ ги издаде нејзините први три албуми: „Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, „Ритмистика“ — во соработка со водечки македонски музички имиња и „Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Нејзиниот последен албум „Генофонија“ е во соработка со групата Нав.
„Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.
Вања Лазарова е добитник е на наградата „11 Октомври“ за култура и уметност во 2014 година.