gogo

A+ R A-


Мики Коцев победи на „Профест“ - фестивалот за пеачи-аматери

alt

Мики Коцев од Пробиштип за песната „Ако згрешам нека изгорам“ е победникот на 34 Фестивал на пеачи аматери  „Про фест“ 2012, кој во петокот на 16 ноември, во организација на Домот на култура „Злетовски рудар“ се одржа во кино салата во Пробиштип. Во полната сала пред присутните се претставија 14 натпреварувачи кои со своите интерпретации се натпреваруваа за  една од наградите, бронзен, сребрен и златен воденичен камен.

Младите  пеачи со убавиот глас ги воодушевија присутните во салата, кои не го штедеа аплаузот за да ги наградат. Со заокружување на кандидатот кој најмногу им остави впечаток на гласачкото ливче, публиката за најдобар на „Про фест“ 2012 го прогласи Дејвид Стојков од Пробиштип, кој ја испеа песната „Лихнида кајче веслаше“.Стручната жири комисија третото место и го додели на натпреварувачката од Делчево Елена Стојчевска, за песната „Абре чичо“, а второто место му го додели на Антонио Додевски од Крива Паланка за песната „Розо моја“. И годинава имаше млади и талентирани пеачи пред кои допрва е иднината, а еден од наградените ќе има можност да настапи на најреномираниот музички фестивал во земјата „ Фолк фест “, Валандово 2013. Посебен тон на манифестацијата и даде водителот, професионалниот актер Сашко Коцев, еден од најдобрите стенд ап комичари во земјата, кој свен оној официјалниот водителски дел до солзи ја насмеа публиката, која пак му возвраќаше со бурен аплауз. Во музичкиот дел гости беа минатогодишните победници и гостинката од Ќустендил, Република Бугарија, Слава Соколова, која дојде во придружба на момче и девојче, млади интерпретатори, мошне надарени, кои предизвикаа посебно внимание кај присутните во кино салата. Наредната 2013 година се надеваме дека по повод јубилејот 35 години најстариот фестивал во Република Македонија, Фестивалот на пеачи аматери „Про фест“ ќе биде со поголем број на учесници од цела Македонија, но и со голем број на гости.

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.