gogo

A+ R A-


Младите „вмровци“ од Пробиштип делеа божиќни пакетчиња на стари лица

Претседателот на  ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип – Марјан Митевски,  претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Пробиштип – Влатко Јордановски,  потпртеседателот на ОК  на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип – Стефан Насевски и други членови на Општинскиот комитет, денеска се вклучија во акцијата  „Се грижиме за старите лица“  по повод големиот христијански празник Божиќ.
 
-Тие на неколку стари и социјално - загрозени лица како знак на внимание им подарија скромен пакет со Божиќни намирници. Воедно со оваа акција тие ја негуваат христијанската традиција и ја покажуваат својата хуманост да се помогне на оние на кои им е најпотребно ова внимание, информираат од ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Младите сили на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им ги честитаат Новогодишните и Божиќните празници со желба за многу здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија во семејствата !!!

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.