Сообраќајна незгода се случила вчера околу 16:50 часот во с.Злетово-пробиштипско, на земјен пат на м.в.Стари Лозја, во која Ј.Ј. (29) од с.Злетово, управувајќи моторцикл „Јамаха“ изгубил контрола над истиот и паднал.
Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди скршеница на лева клучна коска и посекотини во пределот на главата. Повредениот бил пренесен во МЦ-Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.