На територијата на општина Пробиштип успешно е реализирана есенската сеидба.
Според информациите добиени од терен во Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство ПЕ -Пробиштип за планираната и реализираната есенска сеидба за 2012 година до 20.11.2012 година на територијта на општината од планираните 2.886 ха реализирани или засеани се вкупно 2.492 ха или 86 % од планираните површини.
Од нив во земјоделските претпријатија се засеани 1.362 ха или 96% од планираните и 1.130 ха или 77% од планираните површини кај индивидуалните произодители или вкупно 86% се засеани.
Најзастапена култура на површините кои се засеани е пченицата со површина од 1.620 ха, јачмен 720 ха, ‘рж 20 ха, маслодајна репка 10 ха и останати есенски посеви 78 ха, како и фуражни култури кои се застапени на 44 ха.