Дуелот во Кратово (среда 13.30 ч.) е пресметка меѓу поранешни шампиони и два трофејни клубови, која треба да донесе интересен фудбал зачинет со многу голови. Во последните десет години овие два тима во Кратово само еднаш одиграле без голови, а двапати играле мечеви со седум и повеќе голови. Силекс седум пати излегувал како победник, а пет пати губел на свој терен, со уште две мирољубиви пресметки. Но, тоа е само традиција, а утре ќе биде сосема поинаква приказна. Работнички во Кратово доаѓа во извонредна форма, со четири првенствени победи во серија и една во купот. Тоа воопшто не ги плаши кратовци, затоа што самодовербата е вратена по двете гостински ремија со Хоризонт и Ренова и триумфот дома над Металург.
-Очекуваме тврд меч против шампионот Работнички. Знаеме со кого си имаме работа и подготвени сме сите единаесет играчи да гинеме еден за друг. Гостите доаѓаат со пет победи во низа, но ние сме убедени дека нивната серија ќе заврши во Кратово. Ние имаме обврска пред домашните навивачи на секој меч да одиме на триумф, така ќе биде и утре. Ако можеше да падне Металург пред десет дена, може и Работнички - вели Александар Багашаовски, стоперот на Силекс кој се почесто добива шанса за настап на последните мечеви на Силекс.
Благ фаворит на овој меч ќе биде Работнички за чија победа букмејкерите даваат 2.20 коефициент, додека за победа на Силекс квотата се движи околу 2.90. Судија на мечот ќе биде штипјанецот Стојанче Стојанов.
Багашовски е оптимист, ако падна Металург, може и Работнички
Најново
![]() | Денеска | 2412 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24875 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117812 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902554 |