фото - Дамјан Арсовски
Фаворитот Хоризонт Турново без предност ќе влезе во вториот бараж дуел, откако попладнево одигра мирољубиво 1-1 против второлигашот Гостивар. На прекрасниот терен во Пробиштип, по топло и спарно време на кое му претходеше краткотраен дожд, турновци први стигнаа до водство со погодокот на Драган Ѓорѓиев во 22 минута.
Во вториот дел гостиварци ги консолидираа редовите, заиграа далеку поангажирано и во 55 минута израмнија преку Муареми. Имаа гостиварци можност и да преминат во водство, но среќата не ги посака. Најзрелата шанса турновци ја имаа на дваесет минути пред крајот кога ја погодија пречката. Реваншот се игра в недела на истиот терен во Пробиштип, со почеток од 16 часот.
Инаку, на трибините изобилуваше од познати фудбалски имиња и фудбалски работници. Горан Пандев беше како поддршка за турновци, каде поради суспензија не играше брат му Сашко. На трибините беа и екс-играчите на Силекс Глигор Глигоров, Елмир Мандак и Бранислав Јаневски, тренерите Новица Диневски и Драган Иванов од Силекс, екс-судијата Емил Божиновски и многу други.
ВТОРА ЛИГА
Љубанци – Велешта 4:1
Победа – Беласица 4:1
Велешта – Еуромилк 1:4