Фудбалската федерација на Македонија одлучи бараж натпреварите за пополнување на Првата лига меѓу Хоризонт Турново и Гостивар да се играат во Пробиштип. Првиот натпревар ќе се игра на 3 јуни, реваншот е на 7 јуни. Почетокот на двата дуела е во 16 часот. Познати се и двојките за бараж натпреварите за пополнување на Втората лига за следната сезона:
Зајази – Еуромилк,
Љубанци – Велешта и
Победа Прилеп – Беласица
Натреварите ќе бидат одиграни во истите термини како и тие за Првата лига.
Дуелите меѓу Победа и Белациса ќе се играат на стадионот во Ѓорче Петров, Зајази и Еуромилк ќе играат во Штип, додека Љубанци и Велешта се среќаваат во Прилеп.