По напаѓачот Игор Клечкароски, уште еден довчерашен играч на новиот прволигаш Младост од Царев двор се пресели во Силекс. Десниот бек Наум Велјаноски потпиша тригодишен договор со кратовци и ќе биде алтернатива плус на позицијата на која настапува Ангелче Тимовски. Со ангажманот на двајцата играчи од Младост Царев двор, Силекс дополнително го ослабна еден од конкурентите за опстанок во прволигашката конкуренција.
Инаку, во тимот на Мирослав Јаковљевиќ тренираат и српскиот интернационалец Немања Иванов и младинецот од Вардар, Васко Распашковски. За нив деновиве ќе се знае дали ќе потпишат за „црвено-синиот“ состав од Кратово.
Царев двор се сели во Силекс, потпиша и бекот Наум Велјаноски
Најново
![]() | Денеска | 1882 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24345 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117282 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902024 |