По денешниот триумф на кратовци на гостувањето во Скопје против Работнички, една работа станува јасна. Тимот кој го предводи извонредниот стратег Горазд Михајлов дефинитивно има капацитет за големи дострели и највисок пласман. Ако досега некој се сомневаше во квалитетот на играчите, по 11 одиграни кола кратовци се на само 4 бода заостанување зад лидерот Струга, а рамо до рамо со големите фаворити Шкупи и Шкендија. Со само два пораза и освоени 21 бод, кратовци дефинитивно ја истакнуваат кандидатурата за највисок пласман. Прв тест за тоа дали се кадарни за атак на титулата е гостувањето на Шкендија в недела во Кратово. Ако Силекс го победи директниот конкурент за највисок пласман, тогаш останува кратовци да стегнат заби и со уште две-три квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок да тргнат по она за што сонува секој играч, титулата!
Најново
Денеска | 946 | |
Вчера | 3406 | |
Оваа недела | 946 | |
Минатата недела | 25369 | |
Овој месец | 54547 | |
Минатиот месец | 107754 | |
Вкупно | 20427639 |