Ристиќ и Ривалдо се страшен тандем
пишува - Оливер Арсовски
Нов блесок на
„Презадоволен сум од моето деби за Бунјодкор, едноставно подобро не можеше да биде. Огромната инспирација и преполниот стадион со над 9.000 гледачи беа доволни да одиграм извонреден меч во кој го совладавме градскиот ривал и едниствен наш конкурент во битката за титулата. Ме радува што одлично соработувавме со Ривалдо, бидејќи првиот гол му го наместив токму јас, а тој не ми остана должен во вториот дел, кога само си ги заменивме улогите. Имав уште една прекрасна можност за погодок, но не успеав да реализирам, ама и вака сум презадоволен од учинокот„, ни кажа Ристиќ во телефонски разговор веднаш по натпреварот.
Овој меч уште еднаш потврди дека Ристиќ е репрезентативен калибар, играч кој дефинитивно заслужува да добие повик од селекторот Мирсад Јонуз.
„Малку ми е криво што селекторот Јонуз не дојде да ме гледа, бидејќи тој ми најави дека планирал да биде на трибините на овој дуел. Како што ми кажа, неговиот план бил променет бидејќи морал да замине за Москва каде се договараше распоредот за настапите на репрезентацијата во квалификациите за ЕП. Инаку, поканата да дојде во Ташкент за да ме гледа ја доби лично од мојот тренер Сколари„, ни откри Ристиќ.
Следниот дуел кој ќе го одигра Стевица Ристиќ е веќе в петок, во второто коло од шампионатот, кога „ластовичките„ му гостуваат на Металург од Бекабад.