gogo

A+ R A-


Два погодоци на Стевица Ристиќ против Ал Нахда

Нова голеада на македонецот

Ристиќ двоен стрелец со Ал Нахда

пишува: Оливер Арсовски

Гол-серијата на повремениот македонски репрезентативец Стевица Ристиќ продолжи и вчера, а нова жртва на голгетерот беше првакот на Оман, Ал Нахда. Нашиот напаѓач само што влегол во игра на местото на бразилецот Денилсон (46 минута), во првата акција и контакт со топката постигнал погодок за водство од 4-0, а единаесет минути подоцна го постигнал и својот втор погодок зголемувајќи на 5-0. Мечот заврши со победа на Бунјодкор од 6-1, а два погодока во првото полувреме постигна и Денилсон.

Веќе по првите три контролни средби одиграни во Дубаи се виде дека заедно со Денилсон ќе се истурат од голови во дресот на Бунјодкор. Вчерашниот меч го одиграа без луцидниот Ривалдо, а кога тој ќе се врати на терените, тогаш и ним ќе ни биде полесно да ги тресат противничките мрежи. Следниот меч е в понеделник со Ал Џазира.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.