gogo

A+ R A-


Двегодишниот Матеја секогаш стиска палци за татко му Милан да не прими гол

altЛесно е да спуштиш ролетна на голот кога имаш силна инспирација за такво нешто. За некого тоа е полн стадион, за друг парите, а за голманот на Силекс Милан Митровиќ тоа е неговиот син Матеја. Откако летово го облече дресот на кратовци, Милан на секој домашен меч ја има поддршката од синот и сопругата Александра, кои не пропуштаат ниту еден меч на нивниот омилен клуб Силекс.
-Морам да признам дека сум среќен што на секој меч ја имам најголемата поддршка токму од мојот двегодишен син Матеја. Го чувствувам неговото присуство на трибините, а тоа ми дава огромна енергија и мотив за победа. По секој меч Матеј е на теренот да ја сподели радоста кога победуваме, но и да ме утеши кога губиме - вели Митровиќ.alt
Српскиот интернационалев вели дека се навикнал на животот во Кратово, затоа што и самиот потекнува од мало место во Србија.
-Не ми беше тешко да се привикнам на мирниот живот овде, затоа што сум пораснал во Лебане, мало место кое потсетува на Кратово. Овде луѓето се мирни, дружељубиви и имам најдори зборови за нив. Само здравјето да ме служи, да нема повреди, а мојот Силекс да победува - вели пргавиот српски интернационалец, кој секогаш по поразите на својот тим најжолчно реагира, што ја одразува неговата љубов спрема клубот во кој престојува само 4-5 месеци.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.