gogo

A+ R A-


Екс-играчите Темелков, Велинов и Павлов се покажаа кобни за Силекс

Ден по големото дерби на Истокот, во редовите на Силекс се сумираат впечатоците од дуелот со големиот ривал Брегалница. Се чини, овојпат најзаслужни за големиот бод на Брегалница се три поранешни играчи на Силекс, кои беа меѓу најдобрите на теренот.
Александар Темелков влезе во последните петнаесеттина минути во игра и со прекрасен удар од 20 метри му донесе бод на својот тим.
Стојанче Велинов го одигра вториот дел и во 64-тата минута изнуди најстрога казна за својот тим, која во гол ја претвори капитенот Здравков.
За одбележување е и одличната партија на голот на Дуле Павлов, кој во неколку наврати реагираше одлично и ја спасуваше мрежата на својот тим.
За среќа на кратовци, напаѓачот Ангел Нацев немаше свој ден, иако од него се очекуваше далеку повеќе на овој меч.

alt

altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.