gogo

A+ R A-


Фудбалерите на Силекс во Лесновски манастир се помолија за триумф над Ренова

Убавото пролетно време беше повод фудбалерите и стручниот штаб на Силекс денес да го посетат прекрасниот манастир Св. Гаврил Лесновски во Лесново. Во опуштена атмосфера, кратовци уживаа во мирот и спокојството што ги нуди овој преубав манастир, а идејата потекнала од тренерот Момчило Митевски - Моцо. Посетата ќе им дојде како психолошка поддршка и подготовка пред тешкиот дуел в недела со Ренова, тим кој може да им ја загрози европската перспектива на кратовци оваа сезона.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.