gogo

A+ R A-


Фудбалска класика: Силекс и Брегалница во битка за примат на Истокот

altСо мечот Работнички - Младост ЦД денес во Скопје започна пролетниот дел од првата фудбалска лига. Сепак, особено внимание привлекува утрешниот дуел (14 часот) во Кратово, дербито на Истокот, дуелот меѓу Силекс и Брегалница. Кратовци наострени како никогаш, желни да ја задржат третата позиција на табелата, а штипјани со засилен тим и нескриени амбиции да завршат меѓу првите пет на табелата.
-Како и секогаш, на домашен терен играме на победа, и се надеваме дека пролетната сезона ќе ја започнеме со 3 бода. Рецептот го знаеме, само со максимално залагање и борба може да го совладаме квалитетниот состав на Брегалница. Нема да биде лесно, штипјани се засилија зимава, таму е и нашиот поранешен играч Велинов, па ќе биде доста интересно во Кратово - вели моторот на кратовци Филип Дурански.
Со слична желба за триумф е и поранешниот играч на Силекс, Александар Темелков, кој пред еден месец од Вардар се пресели во Брегалница.
-Сигурен сум дека утре публиката во Кратово ќе гледа убав меч, во тоа немам дилеми. Ќе играм против мојот поранешен клуб, но немам некој екстра-мотив, едноставно секогаш давам максимум, против било кој противник. Брегалница има квалитет да стигне најмалку до бод, а ќе се обидеме да дојдеме и до целиот плен - истакна Темелков.
Судија на мечот ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.