На вчерашниот меч меѓу Силекс и Брегалница, на трибините се најдоа и повеќе познати имиња во македонскиот фудбал. Во новинарската ложа објективот на „Аберџија“ ги фокусираше селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Боби Милевски, како и менаџерот на младата репрезентација, прославениот фудбалски ас Саша Ќириќ. Во нивно друштво беше и контролорот на овој меч, Мијалче Михајлов. На овој меч тие имаа добра можност да ги скаутираат младинските репрезентативци Ангелче Тимовски, Кристијан Костовски, но и да ги види на дело Стефан Мишев и Марио Филиповски, кои тропаат на вратите на репрезентацијата.
На трибините можеше да се забележат и довчерашниот стратег на Силекс, штипјанецот Трајче Сенев, потоа Стојан Арсов, Елмир Мандак и други познати имиња.
Фудбалската елита беше во Кратово, Ќириќ и Милевски скаутираа
Најново
![]() | Денеска | 2587 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 25050 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117987 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902729 |