Градски стадион во Кратово. Гледачи 700. Главен судија:Зоранчо Темелков (Кавадарци) помошници Горан Димитров (Кавадарци) и Илија Гонев (Неготино)
Делегат:Васко Кантарџиев (Струмица)
Стрелец: Ѓорѓиев 2’(С)
Жолти картони:Дурански, Ѓорѓиев, Пановски (С), Велковски (Б)
Играч на натпреварот:Николчо Ѓорѓиев (С)
3 корнери 5
9/4 удари вкупно/во гол 8/4
5 офсајди 4
26 фаули 25
3 жолти к. 1
Гол...
1-0 2’ Одлична акција по десната страна на кратовци, топката по неколку додавања дојде до нозете на Тодоров, следуваше маестрално проигрување до Николчо Ѓорѓиев, кој од неколку метри со остар удар го совлада Захов.
Турканици по крајот на мечот
Главниот судија Зоранчо Темелков имаше извонредно тешка задача на вчерашниот меч, бидејќи актерите на мечот премногу симулираа, лежеа по теренот, приговараа, што содаде една тензична атмосфера во второто полувреме. По последниот судиски свиреж се создаде голема мешаница на теренот, во која некои играчи на Брегалница влегоа во вербална расправа со домашните играчи. И тренерот Костов имаше жолчна дискусија со Темелков, најмногу поради четирите минути продолжение во меч со многу прекини.
Мечот заврши во мрак
Доцниот старт на натпреварите од второто коло, како и надвиснатите облаци над Кратово, беа причината поради која последните мигови од мечот се играа буквално во мрак. За ваквите нерегуларни услови за игра, знаејќи дека повеќето стадиони во земјава немаат рефлектори, треба да подразмисли и фудбалската федерација. Чаре има, или промена на термините, или осветлување на сите стадиони за одигрување нормални мечеви.
Мирослав Јаковљевиќ
Честитки за моите фудбалери за победата, за залагањето, за знаењето и за карактерот што го покажаа на теренот. Тоа што макотрпно го работевме два месеци, еве дава резултати. Одигравме тежок меч, постигнавме ран погодок и имавме уште 3 шанси во првиот дел. Во второто полувреме игравме позатворено и издржавме до крај. Честитам на Брегалница за коректната игра, и ќе додадам дека рекордите постојат за да бидат срушени.
Влатко Костов
Во првото полувреме Силекс беше за нијанса подобар, но во второто полувреме иницијативата целосно беше на наша страна. Игравме „викторија“ пред голот на Силекс и имавме една-две ситуации кои не успеавме да ги реализираме. Не можам да им забележам на моите играчи, се виде добро дека имаа голема желба да останат непоразени. Мала забелешка имам на главниот судија, кој мораше многу повеќе да го продолжи мечот.
Повеќе во утрешното издание на Македонски спорт