gogo

A+ R A-


Ѓорѓиев стрелаше за опстанок на Силекс и плеј-оф (ВИДЕО)

Ако есенската пресметка во Кратово меѓу Силекс и Пелистер беше одлучена во 100-та минута, тогаш денешниот меч беше одлучен уште во втората минута. Толку им требаше на кратовци да ја начнат мрежата на одличниот Драгојевиќ за да стигнат до толку посакуваната победа, која за нив значи осигуран настап во плеј-оф натпреварите и обезбеден опстанок на шест кола пред крајот на сезоната.
altА кога мотивацијата е „до небо“, тогаш и играта е на далеку повисоко ниво. Кратовци тргнаа фуриозно уште од првиот судиски свиреж на Ставрев, со намера што порано да го отворат мечот. Уште во втората минута се заканија од корнер, по кој топката стигна до Јанев. Стоперот на Силекс убаво забележа дека Ѓорѓиев е осамен на пеналтикот, прецизно нафрли и следуваше егзекуција на мајсторот за игра со глава.Овој погодок се покажа одлучувачки, затоа што кратовци го задржаа водството до крајот, а тоа значеше голема радост и славје во соблекувалната.

Зоран Штерјовски

Ова беше исцрпувачки натпревар по кој можам со големо задоволство да констатирам дека заслужено победивме и обезбедивме опстанок во лигата. Бевме под психолошки притисок и поради тоа не одигравме на посакуваното ниво, но најбитно е дека ги освоивме трите бода. Честитки заслужува и составот на Пелистер, кој покажа квалитет во играта и дефинитивно заслужуваат подобар пласман од оној што го имаат на табелата.

Ѓоко Хаџиевски

Во Кратово дојдовме со амбиција да направиме позитивен резултат, но се случи погодок во нашата мрежа уште во втората минута кој се покажа одлучувачки. Очигледно е дека ни недостига поголем квалитет во завршницата на нападите кога треба да постигнеме погодок. А без погодоци не се освојуваат бодови. Сеуште веруваме дека можеме да обезбедиме опстанок, не очекуваат два дуели со Брегалница по кои можеме да ја анулираме предноста што ја имаат.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.