Веб-порталот Аберџија направи анкета во пресрет на ЕУРО 2016 во Франција, во која консултираше шест голмани од кои настапуваат или во минатото настапувале во македонски клубови. Сумирано, голманите во најголем процент типуваат дека Германија е најголем фаворит на ЕУРО 2016, пред Шпанија и Англија. Во делот каде голманите се најстручни, интересно е што тројца од нив тиуваа дека Мануел Нојер ќе го одбележи првенството, а ќе се обиде да го засени Де Геа. Голманите најразнолики беа кај категоријата играч на ЕУРО 2016, каде двајца се определија за Димитри Паје, два гласа доби и Погба, а по еден Роналдо и Ибрахимовиќ.
Погледнете ги поединечните прогнози на голманите.
Победник на ЕУРО |
Најдобар голман |
Најдобар играч |
|
Мартин Богатинов |
Германија |
Нојер |
Погба |
Милан Митровиќ |
Шпанија (Англија) |
Харт |
Паје |
Кристијан Стоилков |
Германија |
Нојер |
Погба |
Андреја Ефремов |
Германија |
Нојер |
Роналдо |
Душан Павлов |
Шпанија |
Де Геа |
Ибрахимовиќ |
Никола Вујанац |
Англија |
Де Геа |
Паје |