gogo

A+ R A-


Гордан Здравков: Вадуц не е баук, ама не е ниту за потценување

altКако се наближува стартот на мечот од Лига Европа меѓу Вадуц и Силекс, така атмосферата се повеќе зоврива. Се прават последните анализи, се врши проценка на противникот, се бараат слабите и јаките страни. Гордан Здравков, еден од тренерите во стручниот штаб на Силекс, го анализираше Вадуц и излезе со првите проценки.
-Можам да кажам врз основа на гледаните снимки дека Вадуц е противник кој во никој случај не смее да биде баук за моите играчи. Имаат квалитет, во никој случај не смее да се потценат поради тоа што доаѓаат од нефудбалска земја како Лихтенштајн. Моите играчи не смее да влезат преимпресионирани во мечот, на вакви големи мечеви се покажува карактерот на играчот, дали е локалец или е за повисоки дострели и клубови - вели Здравков.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.