Кога најмалку се очекуваше, по одличната сезона и настапот на евросцената по 11 години, фудбалскиот прволигаш Силекс остана тренерот Момчило Митевски. На големо изненадување на раководството на Силекс, Момчило Митевски поднел оставка во текот на денешниот ден. Да потсетиме дека Силекс вчера беше елиминиран, иако одигра навистина добро, од Вадуц во првотто квалификациско коло во ЛЕ.
„Ми заврши едногодишниот договор со клубот. Мислам дека е време за нови имиња на клупата. Тој што ќе дојде место мене ќе наследи навистина добар тим. Поднесов оставка и поради здравствени причини, мислам дека доста се потрошив во оваа измината година на клупата на Силекс", изјави Митевски.
Покрај Митевски, во стручниот штаб на Силекс досега беа Гордан Здравков, кој поседува про-лиценца, Мирослав Јаковљевиќ, Драган Иванов и Новица Диневски. Засега не се знае дали ќе се бара ново решение или некој од споменатите ќе го преземе клубот.
Гром од ведро небо: Силекс остана без тренер, Моцо си поднесе оставка
Најново
![]() | Денеска | 143 |
![]() | Вчера | 3310 |
![]() | Оваа недела | 25916 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118853 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903595 |