Фудбалерите на Силекс утре ќе имаат одлична можност да ја продолжат одличната серија започната во пролетната полусезона, од причина што во Кратово доаѓа фенерџијата Металург, тим кој е закован на последната позиција со само 13 бодови. Некој можеби предвреме ги впиша трите бода на контото на Силекс, но сепак, претпазливост постои затоа што Металуг имаше солидни партии во претходните две кола.
-Ја гледавме екипата на Металург во двете пролетни кола и можам да потврдам дека нема да ни биде воопшто лесно да дојдеме до трите бода. „Металурзите“ се фенерџии, но имаат цврста екипа, играат дисциплиниран фудбал. Ние на домашен терен не се осврнуваме на играта на противникот, туку се обидуваме да ја наметнеме нашата игра која ни носи бодови и успех. Имавме напорни подготовки за овој меч, желни сме за надигрување и се надевам дека ќе дојдеме до бодовите во овој многу значаен меч за нас - вели моторот во играта на Силекс, струмичанецот Благој Гуцев.
Мечот се игра утре (недела) во 14 часот, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.
Во обложувалниците фаворит е тимот на Силекс, за чија победа коефициентот е 1.35, додека триумфот на Металург е вреднуван со квота 8.
Гуцев: Играме со фенерџијата Металург, но во фудбалот нема лесни бодови
Најново
![]() | Денеска | 3079 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 25542 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118479 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903221 |