Фудбалерите на Силекс денес ќе ги имаат најтешкото гостување во овогодишната сезон,а бидејќи му гостуваат на лидерот на табелата, тетовска Шкендија. Олеснителна околност, ако воопшто е така, е што мечот ќе се игра на неутрален терен во скопски Чаир, со почеток од 15.30 часот.
-Шкендија е фаворит на секој меч сезонава, а особено тоа важи за домашните мечеви. Играат брз и многу ефикасен удбал, што може да се види и од резултатите што ги постигнуваат. Ние не заминуваме со бело знаме, ќе ја играме нашата игра со брзи контранапади и ќе се обидеме да ги изненадиме. Секој позитивен резултат ќе биде големо изненадување, но ние ќе дадеме се од себе да биде така - вели левиот бек на кратовци Благој Гуцев.
Кратовци ја имаат, заедно со Вардар, најдобрата одбрана во лигата, а пак тетовци го имаат најефикасниот напад со над три погодоци по меч. Шкендија е изразит фаворит во обложувалниците со коефициент 1.25 за победа, а додека триумф на гостите е вреднуван со квота 9.
Гуцев: Ќе се обидеме да ја изненадиме Шкендија
Најново
![]() | Денеска | 2387 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24850 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117787 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902529 |