Силекс е во најдолга серија од учества во Европа без поминато воведно коло во континенталните натпреварувања, од актуелните македонски претставници, со шест учества, по што следуваат Вардар со пет и Шкендија со четири. Силекс има две елиминации во квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ), три за Купот на УЕФА (сегашна Лига Европа) и едно во Интертото-купот (кој веќе не се игра). Вардар беше запрен трипати во квалификациите за ЛШ, двапати за ЛЕ, а Шкендија еднаш за ЛШ и трипати за ЛЕ. Извесно е дека за подобрување на рејтингот на македонските клубови се потребни добри резултати во континуитет, што засега само Работнички успева да го оствари.
Можни противници
Вардар: Салцбург (Австрија), Селтик (Шкотска), БАТЕ Борисов (Белорусија), Динамо Загреб (Хрватска), Карабах (Азербејџан), Розенборг (Норвешка), Астана (Казахстан), Црвена звезда (Србија), Динамо Тбилиси (Грузија) итн.
Работнички: МТК (Белорусија), Викингур (Фарски Острови), Судува (Литванија), Јелгава (Летонија), Корк сити (Република Ирска), Гленавон (Северна Ирска), Бала (Велс) итн.
Шкендија и Силекс: Хелсинки (Финска), АЕК Ларнака (Кипар), АИК Стокхолм (Шведска), Слован Братислава (Словачка), Дебрецин (Унгарија), Хартс и Абердин (Шкотска) итн.
Рејтингот на македонските тимови
КЛУБ ПОЕНИ
Работнички 5,20
Вардар 4,20
Шкендија 2,95
Силекс 1,20
Носители во ЛШ 5,75
Носители во ЛЕ 4,08