gogo

A+ R A-


Инциденти во Кратово, Влатко Костов го клоцна Недељковиќ

Кога играат Силекс и Брегалница, ретко се случува мечот да помине без инциденти. Ништо ново не донесе и вчерашното дерби на Истокот, кое кулминираше по последниот судиски свиреж на судијата Зоранчо Темелков. Незадоволен од четирите минути продолжение, тренерот на штипјани Влатко Костов тргна кон центарот на игралиштето за да му приговори на Темелков. На патот му се најде српскиот интернационалец во редовите на Силекс, Игор Недељковиќ, при што дојде до мал контакт рамо со рамо меѓу нив. Откако го истури гневот врз Темелков, Костов влезе во вербална расправа со Недељковиќ, при што Србинот му го сврте грбот и продолжи кон соблекувалната. Нервозниот Костов реагираше неспортски и од зад грб го клоцна Недељковиќ, по што реагираше редарската служба и полицијата и спречи поголем инцидент.
Нешто подоцна Костов својата постапка ја правдаше со образложение дека Недељковиќ го провоцирал на национална основа, по што ги загубил нервите. Недељковиќ негира дека му префрлил било што на штипскиот стратег.
Како и да е, кога играат кратовци и штипјани, на теренот и на трибините секогаш имало искри, а така беше и вчера.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.