gogo

A+ R A-


Инвазија на „Грофови“ во Свети Николе за голема победа на кратовци

altНавивачката група „Грофови“ вечерва направи инвазија во Свети Николе и беше ветер во грб за футсалците на КМФ „Кратово“ во убедливиот триумф од 5-0 против домаќинот „Овче Поле“. Составот на тренерот Никола Јосифовски одигра фуриозни 40 минути постигнувајќи пет погодоци, притоа без примен гол и лесно се пласираше во осминафиналето на националниот Куп. Пред околу 60 „Грофови“ кои допатуваа со 12 автомобили, кратовци доминираа во текот на целиот меч, а творци на победата беа тројниот стрелец Драган Стефанов и двојниот стрелец Бобан Начковски. За одбележување е и добрата партија на Горан Арсовски, кој дури петпати ја погодуваше рамката на голот, но немаше среќа да ја затресе мрежата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.