gogo

A+ R A-


Иванов: Силекс очекува позитивен резултат од дербито со Работнички

altДенес во Скопје (Ѓорче Петров, 16.30ч) се игра последниот меч од петтото коло на првата фудбалска лига. Најуспешниот македонски клуб на европската сцена Работнички го пречекува досега непобедениот состав на Силекс во меч кој се очекува да биде крајно неизвесен. Можеби квалитетот е на страната на Работнички, но кратовци играат во извонредна форма, речиси и не примаат голови, па се очекува тврд меч кој можеби ќе биде одлучен со само еден единствен гол.
-Настапите на Работнички во трите кола на Лига Европа покажаа дека се извонредно квалитетен состав. Велат дека биле уморни од напорните мечеви на евросцената и патувањата, но ние не се потпираме на тоа. Наше е да го дадеме максимумот и да дојдеме до поволен резултат. Ако ја прикажеме истата игра од првите четири кола, убеден сум дека ќе оствариме позитивен резултат против Работнички - истакна Немања Иванов, еден од столбовите во одбраната на Силекс.
Предноста во обложувалниците е на страната на домаќинот, за чија победа коефициентот е 1.60. За победа на Силекс квотата е околу 5.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.