Бодот кој фудбалерите на Силекс го освоија на домашен терен против Работнички добива дополнително на тежина, ако се знае дека е остварен во момент кога во тимот владееше вистинска болница. Стомачниот вирус кој неколку дена пред мечот кутна неколку играчи во кревет, ескалираше на денот на мечот, кога уште двајца фудбалери за време на мечот се пожалија на нарушена здравствена состојба.
-И покрај сите проблеми со здравјето на играчите, ние покажавме желба и заслужено стигнавме до бод, иако по моја проценка требаше да дојдеме до целиот плен. Бевеме далеку подобар тим на теренот, креиравме повеќе шанси за гол, но ете среќата не не посака. Неколку дена пред мечот имавме играчи со стомачен вирус, со повраќање и покачена температура. Џонов, Недељковиќ, Пановски и Ѓорѓиев некако ги оспособивме за игра, а Иванов не успеа да се рехабилитира. За време на дуелот со Работнички, Ѓорѓиев повраќаше на полувреме, а Дурански се пожали на болки. И во една таква ситуација, ремито со Работнички не може да се смета за неуспех - истакна Мирослав Јаковљевиќ Штела, еден од тренерите во погонот на Силекс.
Јаковљевиќ: Со шест вирозни играчи, бодот со Работнички е успех
Најново
![]() | Денеска | 1182 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2709 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127246 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20911988 |