gogo

A+ R A-


Кипарците воодушевени од Богатинов, му нудат нов договор

altНа македонскиот повремен репрезентативец му беше понудена нова соработка, откако беше еден од најзаслужните за опстанокот на тимот во „елитата“.

Мартин Богатинов и следната сезона ќе го чува голот на Етникос Ахна. На македонскиот повремен репрезентативец му беше понудена нова соработка, откако беше еден од најзаслужните за опстанокот на тимот во „елитата“. Богатинов деновиве ќе го потпише новиот договор, со кој ќе остане во Етникос до идното лето.
„Веќе му понудивме услови на Богатинов, и блиску сме да најдеме заеднички јазик“, велат од раководството на Етникос.
Богатинов дојде во Етникос на почетокот на минатата сезона, и ги освои симпатиите на навивачите и на симпатизерите во клубот. Претходно беше во тимот на Ермис. Во минатото Богатинов беше дел и од Стеауа Букурешт, а претходно во Карпати Лвов. Од нашите екипи бранеше во Силекс, Вардар, Работнички и Цементарница. За најдобрата македонска селекција има одиграно 16 натпревари.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.