Фудбалската треска продолжува и викендов, со двојна програма. Викендот ќе го отворат футсалците на КМФ „Кратово“, кои денес во спортската сала во Кратово во 17 часот ќе го пречекаат КМФ „Гемиџии“ од Велес. Кратовци се надеваат дека со нова победа ќе се пробијат уште повисоко на табелата, а затоа ќе им треба и поддршка од публиката.Утре фудбалерите на Силекс го играат последниот меч од првиот дел на сезоната. Гостуваат на штипска Брегалница, а мечот е закажан за 13 часот. Ова ќе биде соседско дерби со голем набој, бидејќи штипјани се во многу лоша ситуација на табелата и многу им се потребни бодовите. Кратовци, пак, сакаат со триумф да ја завршат полусезоната и да имаат мирна зима со голема залиха на бодови. Судија на мечот е Јосип Бартон од Тетово.
КМФ „Кратово“ денес ги пречекуваа „Гемиџии“, Силекс утре гостува на Брегалница
Најново
![]() | Денеска | 1305 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 23768 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 116705 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20901447 |